Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Целата кариера на Ван Нистелрој во еден дрес

Руд ван Нистелрој е напаѓач кој одбележа една ера во фудбалот, а најдобрите денови во својата кариера ги помина во дресот на Манчестер Јунајтед.

Ван Нистелрој во дресот на „Црвените ѓаволи одигра 150 натпревари и постигна 95 голови, па сигурно и сега е еден од најдобрите играчи за навивачите на Манчестер Јунајтед. Овој Холанѓанец кариерата ја заврши пред скоро седум години, а тоа го направи после сезоната во дресот на Малага.

Овој Холанѓански напаѓач кариерата ја започна во Ден Бош каде дебитираше во 1993. година, а после четири сезони премина во Хереневен каде со својата игра го привлече вниманието на ПСВ. Тука на 67 натпревари постигна 62 голови, па го „натера“ Сер Алекс Фергусон да реагира и да го донесе на „Олд Трафорд“.

После Јунајтед, четири сезони со доста успех настапуваше за Реал Мадрид, а во финишот на кариерата уште по една сезона одигра за ХСВ и Малага. Кариера каква што сигурно секој фудбалер посакува.

Интересно е тоа што Ван Нистелрој на поклон доби дрес кој е составен од сите дресови на тимовите за кои играл. Тој беше одушевен од поклонот и мораше тоа да го сподели со неговите фанови. Големата кариера на „страшниот“ напаѓач, на крајот застана во еден, но сепак вреден дрес.