Connect with us

Фудбал

ФОТО: Урбенесно, турски клуб добил засилување кое никогаш не играло фудбал

Турскиот фудбалски сојуз одлучи да поведе истрага за фудбалскиот клуб Акшисарспорт, откако во јануари оваа година претстави неколку засилувања, а меѓу нив бил и Маринс Чисом Онјебуке кој во турскиот второлигаш стигнал како слободен фудбалер.
Меѓутоа, откако била покрената истрага, откриени се шокантни информации. Имено, потврдено е дека овој 20-годишен Нигериец, воопшто не е фудбалер, бидејќи никогаш не заиграл за ниту еден клуб во својата кариера. Тој воедно позирал во клупските простории откако го потпишал договорот, но никогаш не одигра ниту минута за Акшисарсор. Медиумите во Турција пишуваат дека ќе следува казна поради сомнителни трансфери. Само во јануари овој клуб направил неверојатни 27 трансфери.