Connect with us

Фудбал

ФОТО: Урнебесно, Пандев ќе ги тресе мрежите во Серие А во следните 30 години

Пандев попладнево постигна гол на гостувањето кај Милан и донесе водство на Џенова од 1:0. Ова е седми гол за капитенот на македонската репрезентација во Серие А оваа сезона. Интересен, или поточно речено урнебесен статус на официјалниот Твитер налог излезе на спортската обложувалница „Вилијам Хил“.

Имено, по голот на Пандев, администраторот на страницата напиша.

-Пандев штотуку постигна гол на „Сан Сиро“ против Милан. Тој ќе постигнува голови во Серие А во наредните 30 години.

За потсетување, Горан Пандев има 36 години и сезонава игра одлично. Заедно со Кришито со по 7 голови се најефикасните фудбалери на Џенова.