Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Вембли“ вечерва требаше да биде домаќин на „Аѕурите“, но наместо тоа, обоен е во боите на италијанското знаме

Пријателскиот меч помеѓу два учесника на наредното ЕП нема да се одигра, како и многу други мечеви широм Европа. Пријателскиот дуел Англија-Италија требаше да се одигра вечерва, но поради коронавирусот, тој е откажан.

Во чест на Италија, земја која е најпогодена во светот со овој смртоносен вирус и во која денеска починаа 969 лица, „Вембли“ е обоен во боите на италијанското знаме.