Connect with us

Фудбал

ФОТО+ВИДЕО: Легендата Роналдињо уапсен во Парагвај, користел фалсификувани документи

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Роналдињо ноќта ја поминал во полициска станица во Парагвај. Причината е користење на лажен, односно фалсификуван пасош.

Како што јавуваат светските медиуми, славниот 39-годишник е уапсен синоќа заедно со неговиот брат Роберто. Во хотелот во кој претстојувале пронајдени се парагвајски пасоши со нивни имиња.

-Браќата се под истрага, треба да дадат исказ и да сведочат. Потоа ќе биде одлуќено дачи ќе бидат уапсени или не, изјави парагвајскиот министер за полиција Еуклид Асеведо.

Роналдињо во моментов нема бразилски пасош, поради еколошката казна која ја добил во 2018-та година. Минатата година во мај Врховниот суд на Бразил ја потврди одлуката на понискиот суд, на Роналдињо и неговиот брат да им бидат одземени пасошите, бидејќи правеле криминали против животната средина. Роналди не можел да ја напушти државата се додека не заврши судскиот процес.

Роналдињо е осуден да плати казна од 2,1 милиони долари, а бидејќи тоа не го сторил, во 2018-та година одземен му е пасошот. Поранешниот АС на Барселона, но и Милан, е осуден поради тоа што без дозвола на локалното Министерство за заштита на животната средина на реката Гваиба во Порто Алегре изградил платформа за рибарње и пристаниште за чамци.