Connect with us

Фудбал

ФОТО: Во ретро стил, Интер ги претстави новите дресови

Додека го чекаат натпреварот со Лацио, и живеат во неизвесност дали ќе игра следната сезона во Лигата на шампионите, Интер одлучи да ги израдува навивачите со дресот за сезоната 2018/2019.

Денес, Интер сподели неколку фотографии од неговиот нов дрес, кои се слични на претходните, но се прилично во ретро – варијанта и потсетуваат на некои од оние, кога славниот клуб од Меаца славеше во доцните 1990-ти и раните 2000-ти години.

„Нероацурите“ останаа доследни на нивниот стил и традиционален дизајн на кој навивачите веќе се навикнати. Се разбира, тука е Пирели, без кој дресовите на Интер се едноставно незамисливо.

Навивачите на Интер ги израдува и појавувањето на Мауро Икарди на промотивниот постер, што им дава надеж дека Аргентинецот и наредната сезона ќе биде член на нивната екипа.