Connect with us

Фудбал

ФОТО: Војска на теренот на италијанскиот клуб Рома

Италијанскиот клуб Рома соопшти дека на еден од нивните терени за тренинг во тренинг центарот има војска. Деминери и специјалисти за бомби биле повикани откако луѓе од клубот откриле дека на овој терен има гранати кои се од Втората светска војна.

-Ова не се случува секој ден. Голема благодарност до италијанската војска и нивниот одред за бомби. Оваа недела отстранија голем број на бомби од Втората светска војна од клупскиот центар во Тригори, стои во соопштението.

Пред само неколку дена нешто случно беше откриено и во Битола на стадионот „Под Тумбе Кафе“.