Connect with us

Фудбал

ФОТО: Волгоград арена го помина последниот тест – подготвена е за светското првенство

Волгоград арена и официјално е подготвена за почетокот на Светското фудбалско првенство. 40.000 илјади навивачи денеска присуствуваа на првиот натпревар кој се одиграна оваа арена.

Влезот за овој натпревар беше слободен, бидејќи на организаторите им беше како последна техничка проба во очи почетокот на светското фудбалско првенство.

Капацитетот на стадионот кој е изграден за потребите на светското првенство е 45.000 гледачи.

На оваа арена ќе бидат одиграни четири натпревари од светското првенство.