Connect with us

Ракомет

ФОТО: Заев и Каевски на трибините во „Арена Вараждин“

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, вечерва беа присутни во Вараждин да го следат натпреварот на македонската репрезентација против Шпанија.

Тие заедно со претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски го проследија мечот од втората фаза на Европското првенство во Хрватска.

Македонија загуби со 31:20, но и натаму е со шанси за висок пласман.

Следниот меч „црвено-жолтите“ го играат во вторник против Чешка.