Connect with us

Фудбал

ФОТО: Жена од Иран со посебни потреби, со нога нацрта портрет на Кристијано Роналдо

Иранката Фатемех Хамами (31) на сите во светот, кои се соочуваат со одреден вид на здравствен проблем или се лица со посебни потреби, може да биде инспирација. Фатемех е 85 проценти парализирана, но тоа не ја спречило да ја пронајде својата уметничка страна.

Покрај проблемите, таа успева да го исполни сонот и да црта портрети. Таа е голем фан на фудбалот, но и Кристијано Роналдо, па се одлучи да наслика негов портрет. На инстаграм профилот на фудбалскиот портал „433“ собра 1,3 милиони лајкови за само неколку часа.

Таа направила портрет и на Меси, но и бројни други личности. На Инстаграм има 100 илјади пријатели.