Connect with us

Фудбал

Фотографија на Погба-Зидан, Солскјер реагираше и испрати јасна порака!

Најконтроверзното прашање во моментот е несомнено фотографијата на која се гледаат Пол Погба и Зинедин Зидан, при што медиумите беснеат во шпекулациите за преселбата на Французинот во Реал Мадрид.

Тренерот на Манчестер Јунајтед исто така неодамна одговори на ова прашање, што се чини дека нема никаков проблем. Солскјер разговараше со новинарите, при што Норвежанецот рече дека Погба не му кажал дека ќе замине и дека желба на неговиот играч е да остане на „Олд Трафорд“.

„Не сум слушнал од Погба дека тој нема да остане во Манчестер. Желбата на Пол е да останеме тука и да играме добро. Тоа е дел од нашиот план да одиме напред. Тој помина низ многу болки и критики. Против Рокдејл и Арсенал не можеше да игра, сакаше да игра и да се врати, но беше повреден. Сега тој повторно ќе се врати и напорно ќе работи на ова. Не разбирам, излегува слика и се појавуваат шпекулации веднаш. За мене нема никаков проблем“.