Connect with us

Фудбал

Фотографија од НБА ѕвездата и Азар го насмеа светот: Како да го донел својот син во финалето на ЛШ

Многу познати личности синоќа пристигнаа во Париз за да го проследат финалето на Лигата на шампионите.

Синоќа во Париз можевме да видиме навистина огромен број луѓе од светот на спортот, а познатиот НБА кошаркар Руди Гоберт успеа стигна на финалето од Лигата на шампионите.

Гоберт е на одмор по уште една сезона во НБА и ја искористи можноста во живо да го проследи натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

НБА ѕвездата по мечот успеа да влезе на теренот и да се фотографира со некои играчи. Но, една од фотографиите особено дојде до израз.

Станува збор за фотографија на Гобер и Еден Азар која насмеа многумина. Јасно е дека разликата во висината меѓу двајцата е доста голема, а тоа ја насмеа јавноста, а многумина велеа дека изгледа како Гобер да го донел својот син на мечот.

Покрај Азар, НБА кошаркарот ја искористи приликата да се слика и со Бензема и Куртоа, а сето тоа го објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rudy Gobert (@rudygobert27)