Connect with us

Фудбал

Фотографијата која ја погледна само еднаш: Што го мотивираше Салах во финалето

Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0 и ја освои Лигата на шампионите по шести пат во клупската историја. Стрелец на првиот гол беше Мохамед Салах.

„Редсите“ минатата сезона играа во финалето, тогаш беа поразени од Реал Мадрид со 3:1, а Салах не го дочека крајот на тој натпревар поради повреда на рамото.

Излегувањето од игра на Салах со солзи во очите додека го тешеа соиграчите и противниците на некој начин го одбележа финалето во Киев.

Токму таа сцена на Салах му послужи како мотивација пред финалето.

„Минатата година беше една од најлошите моменти во мојот живот, а мислам дека ова е еден од најдобрите“, рече Салах.

„Пред натпреварот ја погледнав сликата од мене, од минатото финале во солзи, беше така ужасно. Бев така вознемирен и разочаран, а сега се вратив и го освоив трофејот“.

„Ја погледнав таа слика да се мотивирам, тоа беше нешто што ме мотивираше овој пат да победиме“.

„Мислев дека треба сам себе да се потсетам. Искрено не ја гледав сликата онака да се загледам во неа, но тоа беше само нешто што можев да го искористам за да се мотивирам, ја погледнав само еднаш и помислив, немој ова да се повтори, одам да го освојам трофејот“.

Мотивацијата очигледно си го направи своето со оглед на тоа што Салах по само две минути постигна гол за Водство на Ливерпул.