Connect with us

Фудбал

Фотографијата на Роналдо која собра илјадници лајкови

Кристијано Роналдо се уште е во родната Португалија, во Мадеира, каде е во самоизолација со своето семејство. Наскоро ќе мора да се врати во Торино, бидејќи тоа го побара Јувентус. Во Италија се очекува кон крајот на април или почетокот на мај да почнат тренинзите, а можно е полека во одредени региони да почне да се игра фудбал без публика.

Роналдо ужива со семејството и објави фотографија на социјалните мрежи.

-Најдобриот начин да го започнеш денот!, стои до фотографијата.

Ваквите моменти, поради големиот број обврски се ретки за професионалните фудбалери.