Connect with us

Други спортови

ФОТО+ВИДЕО: Од инцидентот на кружната трка во Скопје

Кружната трка во Скопје е во прекин поради големиот инцидент кој се случи кога еден од натпреварувачите излетал и посериозно повредил еднло лице.

По пауза од седум години денеска во Скопје за првпат се одржуваат кружни трки, но тие паднаа во сенка на еден голем инцидент кој се случи.

По оваа случка еден натпреварувач во коментар на социјалните мрежи напиша:

„Сите се добри и надвор од животна опасност. Пиеме кафе во Систина. Во овај спорт ваквите инциденти се составен дел и немора да не полните со негативна енергија, трки нема 10 години заради криминалци и секретарот кој ни ја превзема федерацијата треба малку да се спомене за прекрасно орагинизираниот натпревар и огромен број на публика. Сакаме шампионат, сакаме трки и публиката го сака тоа.“ – напиша Мојсие Милосавлевски на Фејзбук.

Фото: 24Ауто.мк