Connect with us

Фудбал

„Франс Фудбал“ го избра Мануел Ноер за голман на годината, Буфон на втората позиција

Престижниот француски магазин „Франс Фудбал“ го избра Мануел Нојер од Баерн Минхен за најдобар голман за изминатата 2017 година. Можеби малку неочекувано, со оглед дека поголем дел од сезоната е повреден, но според неговите квалитети, сосема заслужена награда.

Мануел Нојер доби вкупно 30 бода во гласањето и убедливо го освои првото место, пред Џанлуиџи Буфон (Италија) од Јувентус со 13 бода, и Тибо Куртоа (Белгија) со 9 бода.

Следуваат Хуго Лорис (Франција) од Тотенхем и Јан Облак (Словенија) од Атлетико Мадрид со по 7 бода, а дури зад нив се Кејлор Навас (Костарика) од Реал Мадрид со 5 бода и Давид де Хеа (Шпанија) од Манчестер јунајтед со 4 бода. Гласови добија и Марк Андре Тер Штеген (Германија) од Барселона со 3 бода и Самир Хандановиќ (Словенија) од Интер со 2 бода.