Connect with us

Други спортови

Франција ги промени правилата, дали Ѓоковиќ ќе игра на Ролан Гарос?

Новак Ѓоковиќ го пропушти Австралија опен, но се очекува сепак да има право на настап на Ролан Гарос.

Франција ги промени правилата поврзани со вакцинацијата и социјалните активности, што значи дека Новак ќе има право да настапи на Ронанд Гарос, без разлика што не е вакциниран.

Неодамна истакна дека не бил вакциниран и дека се заразил со коронавирусот на крајот на минатата година, а според новите правила во Франција, лицата кои се заразиле со вирусот во претходните шест месеци ќе можат непречено да патуваат во Франција.

Турнирот во Франција се игра од 22 мај до 5 јуни, а Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои рекордната 21. Грен слем титула.

Да потсетиме, тој имаше турбулентен почеток на годината бидејќи беше запрен во Мелбурн и не му беше дозволен влез во Австралија. Прво му беше дозволен влез, а потоа беше сменета одлуката и тој мораше да ја напушти таа земја и да го пропушти првиот ГС во сезоната.

Ѓоковиќ беше позитивен на коронавирус на 16 декември минатата година, а негативен шест дена подоцна.