Connect with us

Фудбал

Французите го преживеаја доцното будење на Хрватска

Дерби вечерта од Лигата на нации се одигра во Сплит меѓу Хрватска и Франција.

Во репризата од последното финале на Светското првенство немаше победници. Натпреварот на полните трибини на Пољуд заврши со резултат 1:1.

Триколорите во поголемиот дел од натпреварот беа поконкретен и подобар ривал, а поведоа во продолжение кога Рабиот постигна убав гол. Набргу потоа Рабиот пропушти голема шанса.

Гостите имаа се под своја контрола и се чинеше дека одат на победа, но во 83. минута се играше пенал за Ватрените со помош на ВАР технологијата.

Крамариќ ја презеде одговорноста и рутински го победи Маињан.

Тој гол им даде ветер во грбот на домаќините кои одиграа одлично во последните минути, имаа и неколку ветувачки ситуации, но Маињан не се излажа.

Во Лигата Б, Исланд и Албанија одиграа 1:1. Сефери погоди за гостите, додека Торштајнсон му донесе вреден бод на домашниот тим.

Два натпревари од Лигата Ц донесоа само еден гол. Белорусија и Азербејџан одиграа 0:1, додека изненадувањето на вечерта го приреди Казахстан, кој со минимален резултат ја победи Словачка на гости.