Фудбалер на Барса во шок: Додека играл плејстејшн, крадци оперирале во неговиот дом

Самуел Умтити изминатата година бил ограбен, но тој ништо не осетил, бидејќи играл видео игри во неговиот дом. Медиумите објавија и детали кои како што велат се од полициските извештај.

Умтити лежел на својот кауч и играл видео игри без воопшто да обрне внимание околу себе. Бил шокиран кога сфатил дека полицијата е во неговиот дом и воопшто не знаел за што се работи. Подоцна му кажале дека е ограбен и дека тоа се случувало додека бил дома.

Дека нешто чудно се случува приметиле неговите соседи кои виделе дека му е отворена влезната врата, по што повикале полиција. Но, кога полицијата пристигнала на адресата имале што да видат.