Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Манчестер Јунајтед требаше да направи едноставен трик, но се посрамоти (ВИДЕО)

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминај, не се прослави на фотосесијата на клубот за новата сезона. Мектоминај позираше во дресот на Манчестер Јунајтед за новата сезона, но кога му беше дадена топката да направи неколку потези, не се снајде премногу добро.

Шкотскиот играч од средниот ред жонглираше со топката за време на фотографирање, но видеото кое се појави на Твитер го направи мета за потсмев.

Имено, на видеото се гледа како Мектоминај се обиде да изведе трик со топката што не му одеше баш најдобро.

Тој сакаше да спречи топката да падне на подот и со раката направи потег кој не е според правилата, па поради ова ова видео стана вирално и многумина го исмејуваа играчот на Јунајтед со потсмевни коментари.