Фудбал
Фудбалер на Монца, откако му „откинаа“ два бода на Интер: Форца Наполи (ВИДЕО)
Монца успеа со гол во 93-та минута да израмни на 2:2 против Интер и со тоа да го спречи уште повеќе да му се доближи на лидерот Наполи, кого во минатото коло го совладаа со 1:0 и му го нанесоа првиот пораз сезонава. Голот за израмнување беше автогол на Демфрис, но сепак притисокот во последните моменти кои го направија фудбалерите на Монца врз голот на Интер вроди со плод.
Фудбалерот на Монца, Ицо по мечот „стримаше“ во живо на социјалните мрежи, а потоа во еден момент порача: Форца Наполи.
Сите секако што малку знаат италијански разбраа што значи ова. А, за оние кои не знаат, Армандо Ицо е роден во Неапол, кариерата ја почнал во младинските лиги на Наполи, една сезона беше во првиот тим, но сепак не успеа да се наметне.
Il #Monza ferma l'#Inter e lo rallenta nella corsa Scudetto. #Izzo ha un messaggio direttamente per il #Napoli.#SerieA pic.twitter.com/FPXN7sZef3
— Corriere dello Sport (@CorSport) January 7, 2023