Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Реал Мадрид сака кај Анчелоти во Евертон?!

Карло Анчелоти се чини дека од Евертон направи тим кој ќе се бори за највисоките позиции во Премиер лигата. Во моментов се на второто место на табелата, со три бодови, но и натпревар помалку од Ливерпул.

Но, во јануарскиот преоден рок би можеле да пристигнат нови засилувања кои дополнително би му дале сила на тимот за борбата за врвот.

Еден од нив е Иско од Реал Мадрид кој самиот изразил желба да работи со Карло Анчелоти. Тој е близок со Хамес Родригез кој во летниот преоден рок се пресели во Евертон.

Иско кај Зидан не игра многу, односно нема голема минутажа што секако е главната причина за него да замине.