Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Сампдорија: Ние кажавме дека имаме коронавирус, а зошто молчат другите клубови во Италија?

Играчот за врска на Сампдорија Гастон Рамирес зборуваше за изолацијата и вирусот Ковид-19.

-Тешко е. Овие денови се тешки, во вестите постојано кажуваат колку луѓе починале. Се чувствувам навистина тажно поради нив и нивните блиски. Моето семејство и јас добро. Ќе продолжиме да придонесуваме седејќи дома, изјави Рамирес, додавајќи:

-Ние сме потполно искрени. Сампдорија не криеше ништо, додека многу други клубови криеја, не разбирам. Тоа е непочитување на оние кои биле транспарентни и кон оние кои биле во контакт со заразените. Дали некој навистина искрено мисли дека во целата Серие А само Сампдорија има пет, шест или седум заразени?, заврши Рамирес.

Играчите кои биле позитивни во овој клуб се Маноло Габијадини, Албин Екдал, Антонио Ла Гумина, Мортен Торсби, Фабио Депаоли, Бартош Бережински и Едгар Барето.