Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Тотенхем: Жозе, јас одам во војска!

Хјунг Мин Сон спортската опрема ќе ја замени со војна униформа. Напаѓачот на Тотенхем отпатувал во Јужна Кореја кога официјално беше прекината Премиер лигата пред две недели, а сега е пред одлука во периодот додека нема фудбал да ја искористи можноста да го отслужи задолжителниот воен рок.

Во Јужна Кореја сите мажи се обврзани да одат во војска, но тој беше „помилуван“ поради успехот во 2018-та година која со репрезентацијата ги освоија азиските игри.


Поради ова во војската ќе помине само четири недели, но сепак мора да носи униформа и мора да биде во касарните.

Сепак, прво ќе мора да помине две недели во карантин поради коронавирусот, па потоа да облече униформа, а карантинот веќе изминува.