Connect with us

Фудбал

Фудбалер на Волфсбург одби да носи капитенска лента со боите на ЛГБТ заедницата

Хрватскиот фудбалер Јосип Брекало се спротистави на правилата на неговиот клуб Волфсбург да носи капитенска лента со боите на ЛГБТ заедницата како знак на толеранција кон сексуалните различности.

Волфсбург од оваа сезона воведе правило капитените во сите категории, од најмлади до сениори и во машка и во женска селекција, да носат лента со боја на виножитото, но талентираниот 20-годишен фудбалер потенцира дека за него е неприфатливо да ја носи.

– Воспитан сум религиозно. Немам ништо против тоа некој поинаку да живее, се додека тоа е само негова работа. Но, овој симбол не сакам и нема да го носам, бидејќи е против моите христијански ставови, истакна Брекало.

Капитенска лента со боите на ЛГБТ заедницата оваа сезона во Волфсбург ќе ја носат Џошуа Гилавоги и голманот Коен Кастелс.

Брекало во Волфсбург дојде пред две години од загребски Динамо за сума од десет милиони евра и претставува голем потенцијал за германскиот клуб.