Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Реал Мадрид му пишуваа пораки на Бензема на топката, оние на Модриќ и Јовиќ се посебни

Карим Бензема постигна три гола во победата на Реал Мадрид над ПСЖ со 3:1 во средата навечер.

ПСЖ поведе во првото полувреме со голот на Килијан Мбапе и беше многу блиску до четвртфиналето во Лигата на шампионите бидејќи имаше 2:0 во вкупниот резултат. Но, Реал е Реал, па дури и кога се чини дека е на најтешката мисија, наоѓа начин да стигне до својата цел.

Започна со грешка на Донарума во 61. минута и гол на Бензема за 1:1. Потоа за само 100 секунди искусниот француски напаѓач постигна уште два гола и го одведе Реал меѓу осумте најдобри, каде засега покрај кралевите се уште Манчестер Сити, Ливерпул и Баерн. Другите четири ќе ги добиеме следната недела.

И додека во ПСЖ владееше голем гнев и немоќ, сопственикот на клубот Насер Ал-Хелаифи и спортскиот директор Леонардо упаднаа во соблекувалната за да се пресметаат со судиите, а додека Нејмар и Донарума се степаа по мечот додека се расправаа кој е виновен за головите, славеа фудбалерите на Реал и стручниот штаб.

Бензема е апсолутен херој, иако Лука Модриќ и многу други исто така имаат голем придонес. Но, и тој и неговите соиграчи се свесни дека тоа беше вечерта на Французинот кој за многумина е најдобар напаѓач во светот и кој заслужи да ја освои Златната топка.

Можеби нема да ја добие Златната топка, но доби прекрасен подарок од остатокот од тимот. Му ја дадоа топката со која постигна хет-трик, но со потпишани пораки.

„Те сакам“, му напиша Еден Азар на француски. Иако не беше вклучен на овој натпревар, Белгиецот знаеше да го прослави секој гол на својот тим.

„Ти си луд“, му напиша Федерико Валверде, додека Лука Јовиќ и Лука Модриќ истакнаа: „Ти си најдобар на светот!“.

Дел од забавата беа и физиотерапевтите. Својот успех Бензема со нив го сподели со заедничка фотографија на крајот од мечот предводена од Хуан Муро.

Оваа прекрасна мадридска вечер беше посебна за сите, особено за Бензема. Откако си замина Кристијано Роналдо, целиот товар го понесе на грб, но изгледа ужива да биде главна ѕвезда на својот тим.

Благодарение на него, Реал е лидер во Ла Лига, а добро му оди и во Лигата на шампионите, иако за разлика од некои претходни години на Реал не му се даваат големи шанси да ја освои Лигата на шампионите. Сепак, Реал е тоа. Не можете и не смеете да го потцените дури и кога е во најголема криза.