Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на Аталанта преку видео и фотографии ја покажува хаотичната ситуација во Украина (ВИДЕО)

Руслан Малиновски е еден од украинските спортисти кој се обидува да го крене гласот против руските неправди и агресија во Украина.

Фудбалерот на Аталанта на зелениот терен покажа поддршка за својата татковина.

Неодамна на социјалните мрежи направи објава каде преку видеа и фотографии кои ги стави на едно место ја покажа хаотичната ситуација која владее во Украина.

Украина веќе четири дена е воено нападната од Русија, бидејќи стотици илјади луѓе станаа бегалци, барајќи засолниште во околните земји.

Останатите Украинци во нивната држава се борат со сите сили против руската агресија.