Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на ПСЖ брутално искрен: Се чувствуваме како гомна…

Баерн синоќа го совлада ПСЖ со 1-0 во големото финале во Лигата на шампионите.

Парижаните беа депресивни по мечот, Нејмар плачеше, а останатите фудбалери не го криеја своето разочарување. Играчот од средниот ред Андер Херера се појави пред медиумите.

“Се чувствуваме како гомна, тешко е да се пронајдат зборови. Мора да излеземе од ова уште посилни. Не можеме да дозволиме сето ова да биде залудно. Баерн беше поконкретен, кога нема да постигнете гол, тогаш тим како Баерн ќе го искористи тоа”, рече Херера.

Парижаните беа осудени синоќа од нивниот поранешен играч Кингсли Коман.