Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на Виљареал долго ќе да ја памети 52. минута на „Алијанц Арена“ (ВИДЕО)

Баерн конечно успеа да ја затресе мрежата на Виљареал.

Баварците на првиот меч загубија со 1-0, но силно го почнаа реваншот и постојано се пред голот на Жолтата подморница.

Конечно успеаја да го скршат отпорот на гостите во 52. минута. Фудбалерот на Виљареал Парехо не успеа да ја избие топката, на крајот му ја подари на домаќинот, а во продолжението на акцијата одличниот Левандовски погоди за 1:0 и ги врати работите на почеток.

Нема дилема дека Баерн сега ќе продолжи да брка нова цел за да обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.