Connect with us

Фудбал

Фудбалот му остави четири големи лузни: „Паѓам во депресија секогаш кога ќе ја слушнам химната на ЛШ“

Легендарниот италијански фудбалер Алесио Такинарди остави длабока трага играјќи за Јувентус и Виљареал.

Такинарди се појави во дресот на Аталанта, но летото 1994 година за два милиони евра премина во Јувентус. За Јувентус играше 11 години, а потоа реши кариерата да ја продолжи во Виљареал.

Овој искусен играч за врска беше одличен и во шпанскиот клуб и беше дел од генерацијата која беше на прагот да се пласира во финалето на Лигата на шампионите во 2006 година.

Потоа Виљареал играше против Арсенал во полуфиналето и беше со една нога во финалето, но Топџиите на крајот успеаја некако да ја победат Жолтата подморница и да се пласираат во финалето каде беа поразени од Барселона.

Такинарди се присети на дуелот против Арсенал и на таа одлична сезона на Виљареал во Лигата на шампионите, но призна дека тоа не му останало во убаво сеќавање. Со Јувентус загуби и дури три финалиња во Лигата на шампионите, па јасно е зошто тоа натпреварување не му е омилено.

„Фудбалот ме остави со четири лузни. Три се оние загубени финалиња во Лигата на шампионите со Јувентус, а четвртото е кога не играв на реваншот на Ел Мадригал против Арсенал кога Рикелме промаши пенал“, изјави Такинарди.

Секогаш кога ја слушам химната на Лигата на шампионите ме фаќа депресија додека свири поради тие изгубени финалиња и поразот од Виљареал во полуфиналето. Имавме импресивен успех со Виљареал таа сезона и бевме на чекор до финалето, но за жал испаднавме. Не играв ппоради тој глупав жолт картон во Лондон и тоа ми беше најтешко поради се“.

Такинарди играше за Виљареал на двегодишна позајмица од Јувентус, а потоа во летото 2007 година потпиша за Бреша. Една година подоцна реши да стави крај на кариерата и се посвети на менаџерската работа.