Connect with us

Фудбал

Фудбалот нема да биде тоа што беше, Бундеслигата наскоро стартува, еве под кои правила

Како што пишува германски „Шпигел“, Бундеслигата ќе биде првата од најсилните пет кои ќе ја продолжат сезоната. Фудбалот во Германија ќе се врати на 9-ти мај. Но, има одредени правила.

Прво, на стадионот максимално ќе може да има до 300 лица, објави „Шпигел“ кој тврди дека имал увид во документ кој имал 41 страница, а кој Фудбалскиот сојуз им ги испратил на клубовите.

Меѓуостанатото играчите нема заедно да излегуваат на терен, со самото тоа нема да има ни деца кои ги следат вообичаено, ниту маскоти на клубовите. Забрането ќе биде поздравувањето, групните фотографии пред мечевите, а бројот на новинарите и фоторепортерите ќе биде строго ограничен. Тие ќе бидат одалечени едни од други.

Значи на 9-ти мај Бундеслига, но во сосема поинакво издание какво што сме навикнале да гледаме.