Connect with us

Фудбал

Фудбалот останува спорт за мажи, компаниите не вложуваат во женски екипи

Од над 10.000 деца што се натпреваруваат во Детската лига, само нешто над 300 се девојчиња. Лигата што ја организира Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е организиран систем на натпреварување за деца од 7 до 12 години, пишува Блумберг Адриа.

Соодносот на момчиња и девојчиња во натпреварувањето покажува дека малку работи се сменети во земјава кога станува збор за женскиот фудбал од 2021 година наваму.

Тогашното истражување на УЕФА за македонскиот фудбал, кое го спроведе агенцијата „Нилсен“, покажа дека главна бариера за женскиот фудбал во Македонија е ставот на 41 отсто од испитаниците дека фудбалот е машки спорт. Европскиот просек за ова прашање е 20 отсто.

Покрај убедувањата, проблем се и парите. Слаб е интересот кај приватниот сектор да вложува во женски фудбал. Познавачите велат дека слабата посетеност на натпреварите и слабиот медиумски интерес се причина компаниите да не наоѓаат бенефиција за вложување.