Connect with us

Фудбал

Фудбалска Лига шампиони како во ракомет, Фајнлфор со четири екипи

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин ја повторни заложбата за промени во форматот во завршницата во Лигата на шампиони (ЛШ) и организирање фајналфор по примерот на другите екипни спортови на Стариот континет.

– Тоа би бил одличен крај на сезона, а, исто така, би имал и голем ефект врз приходите на УЕФА доколку правилно се организира, истакна Чеферин во интервју за францускиот весник „Л’Екип, спроти вечерашното финале меѓу Челзи и Манчестер сити во ЛШ.

Завршниот турнир, популарно наречен „Фајналфор“, каков што се организира во другите популарни спортови во Европа, како кошарката, ракометот и одбојката, би можел да заживее од сезоната 2024/25 за кога УЕФА планира нова реорганизација на европските купови.