Connect with us

Фудбал

Фудбалската федерација на Германија ги отфрли обвинувањата на Озил за расизам

Фудбалската федерација на Германија изрази жалење поради одлуката на фудбалерот Месут Озил да го напушти германскиот национален тим, но ги отфрли неговите обвинувања за расизам.

Одлуката Озил ја објави на социјалните мрежи, обвинувајќи официјални лица и медиуми за расизам.

Фудбалерот тврди дека добивал закани и дека го обвинуваат за неуспехот на германската репрезентација на Светското првенство во Русија.

– Ги отфрламе тврдењата со кои Фудбалската федерација на Германија се поврзува со расизам. Со години сме вклучени во процесите за интеграција, соопштија од Федерацијата и наведуваат дека можеле повеќе да направат со цел да го заштитат од нападите.

Претходно, 29-годишниот германски фудбалер со турско потекло покрена бура од реакции во јавноста со неговите фотографии со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган снимени во Лондон.