Connect with us

Фудбал

Фудбалско лудило во Лондон: Митровиќ и Фулам го запреа Ливерпул

Одличен натпревар во првото коло на англискиот премиерлигаш одигра повратникот во друштвото на најдобрите екипи Фулам и фаворизираниот Ливерпул.

Натпреварот понуди многу убав фудбал, а конечниот резултат гласеше 2:2.

Фулам подобро го отвори натпреварот и имаше неколку полушанси, но одбраната на Ливерпул одлично одговори.

После тоа, и црвените се обидоа преку неколку акции, но без конкретна завршница.

Се играше во 32. минута кога експлодираше Крејвен Котеџ. Митровиќ извонредно скокна по центаршутот на Кебан и го матираше Алисон за водство на Фулам од 1:0.

Ливерпул можеше веднаш да израмни, но Дијаз ја погодува стативата во 39. минута и оди на пауза со 1:0.

Во продолжение следуваа нападите на тимот од Енфилд кој бараше израмнувачки гол, а наградата стигна во 64. минута.

Салах направи одлично додавање, каде резервистот Нуњез погоди со помош на Адарабиојо за 1:1.

Уште еден шок за Ливерпул во 72. минута. Беше досуден пенал за Фулам, а Александар Митровиќ повторно беше сигурен реализатор за 2:1.

Ливерпул повторно се враќа во 81. минута. Овој пат Нуњез му асистираше на Салах, а Египјанецот погоди за 2:2, што беше и конечен резултат на овој одличен натпревар.