Connect with us

Фудбал

Фулам спреми 22,5 милиони евра за Митровиќ

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ се поблиску е до трансфер од Њукасл во Фулам.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Фулам е подготвен да плати 20 милиони фунти (22,5 милиони евра) за поранешниот напаѓач на Партизан.

Митровиќ вториот дел од минатата сезона го помина во Фулам на позајмица и со 12 гола на 20 натпревари му помогна на лондонскиот клуб да се врати во Премиер Лигата.

Тој верува дека ја одиграл најдобрата фудбалска кариера под Славиш Јокановиќ и сака да се врати во Кревен Котиџ, особено затоа што не бил омилен кај менаџерот на Њукасла, Рафаел Бенитес.

Њукасл го доведе Митровиќ пред три години од Андерлехт за 13 милиони фунти (14,5 мил. Евра).