Connect with us

Фудбал

Фуриозна Србија, пораз на Косово, магичните Халанд и Роналдо (ВИДЕО)

Натпреварувањето во тековната сезона од Лигата на нации продолжи со натпреварите од второто коло.

Во Лигата А, Португалија ја декласираше Швајцарија со 4-0 со два гола на Кристијано Роналдо.

Чешка и Шпанија одиграа 2-2 во одличен натпревар.

Во Лигата Б, Србија во феноменален натпревар ја совлада Словенија со 4:1. Стрелци за Србија беа Митровиќ во 24., Милинковиќ-Савиќ во 56. Јовиќ во 85. и Радоњиќ во втората минута од судиското обештетување. Стојановиќ погоди за Словенците во 30. минута.

Исто така во Лигата Б, Норвешка ја совлада Шведска со 2:1 во скандинавското дерби, а двата гола ги постигна одличниот Ерлинг Халанд во 20. минута од пенал и во 69. минута на асистенција на Сорлот. Почесен гол за Швеѓаните даде Еланга во втората минута од судиското обештетување.

Во Лигата Ц, Косово забележа пораз од Грција со 0:1 на домашен терен, „петарда“ е забележана во Разград, каде Грузија ја победи Бугарија со 2:5.

Во претходните натпревари од второто коло на Лигата Ц, Кипар и Северна Ирска ремизираа 0:0, додека Македонија беше подобра од Гибралтар со 0:2.

Во денешната програма се одигра еден натпревар во Лигата Д, Малта како гостин беше подобра од Сан Марино со резултат 0:2.