Connect with us

Фудбал

Габи останува во Атлетико до 2019 година

Габи Фернандез го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до јуни 2019 година, соопшти денеска Миген Анхел Гил Марин, директорот на клубот.

Фернанез во Атлетико пристигна во 2011 година од Сарагоса, а неговиот постоечки договор истекуваше следната година.

Во изминатиот период за него имаше интерес од тимови од Кина, но тој сепак се одлучи да остане во Мадрид.

За Атилетико, Фернандез, има одиграно 215 натпревари на кои постигна 6 погодоци.