Connect with us

Фудбал

Габи слави трофеј во Лига Европа, но сите се сеќаваат како тој го нарече ова натпреварување

Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи  синоќа постигна еден од трите гола за својот тим во финалето на Лига Европа против Марсеј и помогна „јорганџиите“ да ја освојат новата титула во ова натпреварување.

Габи беше стрелец на третиот гол, а по натпреварот, како капите го подигна трофејот на Лига Европа – натпреварувањето што тој пред неколку месеци го нарече сра*е

По ремито со Qarabag во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите минатата есен Габи беше многу разочаран, а причината е во тоа што тој веќе знаеше дека на пролет ќе игра Лига Европа. Потоа тој кажал дека ова натпреварување било сра*е.

“Сега јас би рекол дека Лига Европа е сра*е, иако таа ми даде многу во мојата кариера. Она што моментално ме боли е дека ништо не е во наши раце. Мора да ја победиме Рома и да се надеваме дека Qarabag може нешто против Челзи. Во моментов немаме шанса за осмина – финале. Мораме да продолжиме да работиме напорно и да учиме од овие грешка “, рече Габи.

Не е важно што за Лига Европа смета дека сра*е, Габи и тоа како му се израдува на овој трофеј ова натпреварување и беше многу среќен дека како капитен го подигна трофејот. Сепак, јасно е дека тој е среќен што нема да игра во ова натпреварување следната сезона, туку во Лигата на шампионите.