Connect with us

Фудбал

Гатузо: Голот од Брињоли боли повеќе од убод од нож

Новиот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, дебитираше со драматично реми (2:2) со најслабиот тим во Серија А кој токму против „росо-нерите“ денеска го освоија првиот бод.

Јунак во домашниот тим беше голманот на Алберто Бриньоли со гол постигнат во петтата минута од судиското надополнување.

Боли тоа можам да кажам. Овој гол е поболен од прободување со нож, рече Гатузо.

Во последните 15 минути страдавме. Добивме чуден гол. Никогаш не би претпоставил дека во 95-тата минута ќе примиме гол од противничкиот голман. Играчите беа многу разочарани во соблекувалната. Ние сме Милан и треба да работиме подобро затоа што нашето сегашно ниво не е доволно добро, истакна Гатузо.

Гатузо неодамна дојде на клупата на Милан наследувајќи го Винченцо Монтела кој доби отказ поради слаби резултати.