Connect with us

Фудбал

Гатузо: Ние потполно залутавме

Милан на своите навивачи повторно му приреди непријатно разочарување со пораз на „Сан Сиро“ од Бетис со резултат од 2:1.

Тимот само ја продолжи својата агонија во која се наоѓаат Росониерите, а овој пораз посебно го погоди Џенаро Гатузо кој по натпреварот не го криеше разочарувањето.

„Ние потполно залутавме. Ова не беше игра. Ја изгубевме самодовербата“, разочарано порача Гатузо, па продолжи:

„Ова екипа не игра со ‘бистра’ глава, не може да го направи она што го сака затоа што е напната. Премногу сме меки и треба да седнеме и да позборуваме со играчите. Поразот од Интер не беше целосна катастрофа затоа што игравме добро до финишот, но оваа вечер беше исклучително лоша“.

„Ја преземам одговорноста. Јасно ми е дека сум на мета на критиките, го сакам големиот клуб и оба изгледа лошо. Не личиме на онаа екипа каква што беше пред неколку недели кога сме играле добро, а сето тоа се проблеми од психолошка природа“, заврши тренерот на Милан.

Италијанските медиуми пишуваат дека Гатузо би можел да биде сменет доколку не ја победи Сампдориа за викендов.