Connect with us

Фудбал

Гатузо се уште верува дека Андре Силва ќе покаже квалитет

Португалскиот напаѓач Андре Силва, минатот летото пристигна во Милан од Порто како големо појачување, но не ги оправда очекувања.

Силва оваа сезона натпреварите на Милан најчесто ги гледаше од клупата за резервни играчи, но имаше неколку моменти да го покаже својот талент. Сепак, може да се каже дека Португалцот не ги исполниле очекувањата во првата сезона, но Гатузо сеуште верува во него.

“Андре Силва е голем играч и многу талентиран, мора да се покаже на теренот. Мора да ја искористи секоја можност која ќе ја добие и сигурен сум дека тој ќе ни покаже на сите колку е талентиран. Доста напредуваше, од кога сум тука и се надевам дека ќе се покаже следната сезона “, рече Гатузо.

Андре Силве одигра 39 натпревари оваа сезона во дресот на Милан и успеа да постигне десет гола. Овој 22-годишен напаѓач нема мнигу минутажа во Серија А, но очигледно е дека Милан е подготвен да го “извади” следната сезона.