Connect with us

Фудбал

Гатузо: Срамен пораз

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо повторно не успеа да ја постигне првата победа по неговото поставување на тренерската позиција.

Милан синоќа загуби со 2:0 на гостувањето кај Риека во Лига Европа. Според тренерот, овој пораз е срам за тимот на Милан.

Имам чувство дека се случува нешто негативно и играта едноставно исчезнува. Треба да работиме на тоа. Се чини дека играчите не се ментално стабилни во дадени ситуации. Треба да се обрне внимание на тоа. Кога го носиш дресот на Милан, треба да си на потребното ниво. Навистина ме боли од она што го гледам. Не го очекував овој пораз. Многу играчи добија шанса да се докажат, но не го направија тоа Ова е срамен пораз, рече Гатузо.

Тој додаде дека отсуството на некои главни играчи не може да биде оправдување за загубениот натпревар.