Connect with us

Фудбал

Гатузо за првиот ден во Ренџерс: Пол Гаскоњ ми ги наполни чорапите со г**на

Легендарниот италијански фудбалер Џенаро Гатузо една сезона од својата кариера ја помина во Глазгов Ренџерс, каде доживеа неколку неверојатни моменти, со незаборавната ѕвезда Пол Гаскоњ.

Гатузо вели дека тој период од неговиот живот го оформил како човек, но и како професионалец.

-Живеев во жестокиот и незгоден Глазгов, играв фудбал во британски стил, кој го обожувам бидејќи таму 90 минути се трча, се борит како мажи, а во Италија тогаш повежето играчи „плачеа“ на судиите како девојчиња. Сфатив дека сум Шкотланѓанец, роден случајно во Италија. По тој прв тренинг излегов. По првиот тренинг излегов од туширање и почувствував грозна миризба. Целата соблекувална мирисаше на измет. Кога дојдов до својот ормар, почуствував грозна миризба. Чорапите ми беа полни со г**на, а смеењето на соседот до мене во соблекувалната откри кој го сторил тоа. Беше тоа Гаскоњ, вели Гатузо.

Сепак, додава дека по овој инцидент, Гаскоњ многу му помогнал при адаптацијата во новата средина.