Фудбал
Ѓаволски дрес за Пелегрини
Раководните лица на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Рома, Лоренцо Пелегрини.

Менаџерот на “црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо, побара од клупските челници да ангажираа нов играч за врска, а анализите покажале дека Пелегрини е одлична опција затоа што има и офанзивни каратеристики. Во следните неколку недели Јунајтед ќе испрати официјална понуда која нема да биде помала од 30 мил. евра.