Connect with us

Фудбал

Газдата на Горан Пандев: Ако не ја завршиме Серие А, ќе следува апокалипса

Речиси сите италијански клубови почнаа со тренинзи. Сепак, кога ќе има повторно натпревари, не се знае. Сите клубови, совен два, гласале сезоната да биде завршена. Сепак, здравсвените власти во Италија се многу внимателни. Не ја исклучуваат можноста ниту од француско сценарио, односно да биде ставен крај на сезоната, што секако е последен чекор.

Но, со такво нешто не се согласуваат клубовите. Еден од најгласните е газдата на Горан Пандев, односно Џенова, Енрико Пресиози.

-Ако не ја завршиме сезоната, следува апокалипса. Катастрофа е преблаг збор. Сакам и се надевам дека се ќе биде во ред. Подготвени сме да одиме со протоколите, без разлика што се ќе ни мине во главите, вели Пресиози.