Connect with us

Фудбал

Германија ќе го искористи ЕП 2024 за борба против расизмот

Германија треба да го искористи ЕП 2024 за да ги покаже европските вредности и да ја зајакне социјалната кохезија, изјави претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ГФС), Рајнхард Гриндел.
Земјата доби право да го организира големиот фудбалски собир, а нејзината кандидатура имаше предност пред онаа на Турција поради разликата во почитувањето на човековите права во двете земји.
– Прашањето со човековите права одигра главна улога при изборот на домаќин. Тоа никогаш не било поважно, рече Гриндел за време на настан на ГФС во Берлин.
Тој додаде дека германската фудбалска централа ќе се бори против сите видови дискриминација и расизам, а ќе бидат охрабрени и клубовите кои прават напори во таа насока.