Connect with us

Ракомет

Германија против обединетиот тим на Кореја на стартот на ракометниот Мундијал 2019

Од 10 до 27 јануари 2019 година сите очите на ракометниот свет ќе бидат вперени кон Германија и Данска, бидејќи таму најдобрите светски репрезентации ќе се борат за трофејот на 26. Мундијал.

Распоредот на натпреварите е финализиран. Светското првенство се отвора на 10 јануари, во 18:15 часот, со историскиот натпревар во Берлин меѓу Германија и обединетиот корејски тим.

По прелиминарната рунда (10-17 јануари), ќе се игра главната фаза од 19 до 23 јануари во Келн (Германија) и Хернинг (Данска). Полуфиналето е на 25-ти во Хамбург (Германија), додека медалистите ќе се одлучуваат на 27 јануари во Хернинг.

Македонија ќе биде учесник на ова Светско првенство. „Црвено-жолтите“ се во Б-групата заедно со нашиот прв ривал Јапонија (11 јануари), Шпанија, Хрватска, Исланд и Бахреин.