Connect with us

Фудбал

Германците решија: Нема навивачи на стадионите до октомври

Германските министри за здравство денеска донесоа одлука да се продолжи забраната за присуство на навивачи на фудбалските стадиони барем до крајот на октомври, со цел да се потисне ширењето на коронавирусот.

Бундеслигата беше меѓу првите што започна откако застана во март. Германците играат од средината на мај, па имаше најави дека публиката ќе биде на стадионите кога ќе започне новата сезона.

Сепак, беше решено дека здравјето е најважно, па забраната за доаѓање на стадионите за навивачите беше продолжена до октомври.

„Треба да бидеме внимателни. Во моментов навивачите на стадионот би биле грешка“, истакна германскиот министер за здравство.

Се чини, за жал, дека нема да има публика и во другите европски лиги оваа есен и треба да се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри во блиска иднина.