Connect with us

Фудбал

Германците тврдат: Хумелс има нов клуб

Германските медиуми се уверени дека Матс Хумелс го напушта Баерн.

Хумелс во Баерн пристигна 2016. година о досега за „Баварците“ одигра преку 100 натпревари, меѓутоа неговата форма под палката на Нико Коваќ не е баш најдобра, а тоа би можело да резултира со трансфер.

Медиумите во Германија, вклучувајќи го и „Bild“, објавија дека челниците на Баерн се подготвени да го продадат Хумелс откако ја засилија задната линија со Хернандез и Павар, а изгледа дека и не е тајна каде искусниот стопер ќе ја продолжи кариерата во случај на таков расплет.

Наводно Хумелс наредната фаза преговара со Борусија Дортмунд, а во случај трансферот да се реализира, за него тоа ќе биде воедно и враќање на „Вестфален“ каде претходно играше од 2009. до 2016. година.

Нема сомнеж дека Хумелс доста добро би дошол на Борусија затоа што му недостасува искуство на позицијата која игра, а обесштетуваето  незванично би требало да изнесува околу 30 милиони евра.

Во претходната сезона Хумелс за Баерн одигра 33 натпревари, а притоа постигна два гола и исто толку асистенции.